Најтешкиот човек на светот кој во еден момент тежел скоро 600 килограми, успешно ја минал бајпас операцијата, соопштија неговите лекари во Мексико.
Хуан Педро Франко настојува да ја намали тежината за 50 отсто, а се очекува да биде опериран повторно, изјави неговиот хирург Хозе Кастанеда.
– Операцијата беше прилично успешна, но мора да почекаме да видиме како ќе реагира на промените. Се надеваме дека ќе биде добро – изјави Касанеда.
Тој додаде дека операцијата минала „прилично деликантно“ и дека сега е неопходно внимателно да биде набљудуван.
Франко, кој имаше најмногу 595 килограми изјави дека негова цел е да загуби голем процент од својата почетна килажа. Дијабетесот и крвниот притисок му се под контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.