Харис Џиновиќ итно бил опериран во една приватна белградска клиника каде му вградиле два вештачки колка, откако утврдиле дека има артроза, пренесува српски „Ало“.
Џиновиќ со месеци трпел силни болки во колковите и грбот.
– Харис се оперираше пред два месеци, но за тоа никому не кажа освен на семејството. Сега добро се чувствува, повеќе не носи патерици и полека почна да му се враќа на стариот начин на живот – открил близок извор на пејачот.
-Неговата сопруга Мелина цело време беше покрај него, таа буквално не се раздвојуваше од својот сопруг, го следеше на контроли, му помагаше да откаже некои настапи, му подготвуваше храна – додал изворот.
Во жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Пинк“, пејачот го заменила српската пејачка Рада Манојловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.