Уставните судии на седницата што ќе се одржи денеска ќе ја разгледуваат иницијативата поднесена од земјоделското здржение Агротиквешија со која се бара оспорување на членот од Изборниот законик според кој е забранета исплата на субвенции се до фомрирање нова Влада. Дел од агроекспертите очекуваат Уставен да го оспори членот, оти се работи за редовни исплати планирани во Буџетот.
Иницијаторите бараат оценка на уставноста и законитоста на член 8-а став 1 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 2 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 3 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Изборниот законик и член 11 став 1, ставови 2 и 3 во деловите: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Законот за спречување на корупцијата.
Министерот за финансии Кирил Миноски неодамна изјави дека главна пречка за исплатата за одредбите од Изборниот законик. Миноски тврди дека пари во Буџетот има, и доколку Уставен суд го оспори членот веднаш ќе почнат со исплата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Уставниот суд ќе постапува по одлуките на Аеродром и Радовиш за референдум за населување мигранти