Синоќа околу 21 часот, граѓанин пријавил во полиција дека во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје нашол жена со повреди од нож во пределот на рацете, исечени вени и убодна рана на вратот. Итната медицинска помош констатирала смрт кога пристигнала, а МВР ја идентификуваше жртвата како Ј.М.С. (53) од Скопје, лекарка и професорка на Медицинскиот факултет.
Од МВР велат дека се врши увид на местото каде била пронајдена жртвата и најавија повеќе информации подоцна денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.