Невработените фински граѓани кои што добиваат пари во рамки на проектот на универзален основен приход, се покажале дека се далеку помалку изложени на стрес отколку претходно, изјавил функционер од финската влада задолжен за спроведување на проектот.
Во рамките на еден од првите вакви проекти, 2000 луѓе примаат по 560 евра секој месец во следните две години. Примателите воопшто не се должни да пријавуваат на што ги трошат парите и дали воопшто се обидуваат да пронајдат работа.
Мајрука Турунен од финското социјално осигурување вели дека покрај тоа што државата им ги олеснува трошоците на граѓаните и се бори против сиромаштијата, овој проект има позитивен ефект и на менталното здравје на финските граѓани.
-Една жена која што не може да работи затоа што се грижи за своите стари родители, ми рече дека се „тресела“ секој пат кога нејзиниот телефон ќе заѕвонел затоа што се плашела дека се од бирото за вработување да ѝ понудат некаква работа- вели Турунен.
Во рамките на експериментот, ако примателите пронајдат работа, тие и понатаму ќе ја добиваат паричната помош, што го намалува стравот дека поради новата работа ќе ги загубат бенефициите ако пронајдат вработување. Одбивањето на работа станало акутен проблем во Финска, затоа што луѓето подобро се чувствуваат кога добиваат придонеси од државата, што е директна последица на дарежливоста на социјалната служба.
Според евиденцијата од ноември 2016-та година, повеќе од 8%, односно 213 илјади Финци се без работа. Само за споредба, просечните месечни примања на вработените во приватниот сектор во Финска изнесуваат 3,500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.