Горан Пандев му пресуди на својот поранешен клуб Интер постигнувајќи исклучително важен гол за победа на Џенова од 1:0, а ако капитенот на македонската фудбалска репрезентација покажа голема класа и почит кон фановите на тимот од Милано со тоа што не го прослави голот, она што следуваше на социјалните мрежи навистина е надвор од негова контрола.
Најпрво видовме како фановите на Интер самите ги понижуваа своите играчи за џентлменскиот потег кој го изрежира Пандев по постигнатиот гол во неделата, но во изминативе неколку часа хит број еден во Италија е еден фотошоп со кој всушност на големо се исмева Мауро Икарди.
Капитенот на Интер на почетокот на минатата недела се пофали со новата гигантска тетоважа низ неговото тело, но сега истата доби нова верзија, и тоа со ликот на нашиот Горан Пандев во прв план…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Силен ветар однесе пет жртви во Италија
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја