| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе изгуби од 800 милиони до 1,6 милијарди евра поради Брегзит

breg

Грција ќе загуби од 0,4 до 0,8 отсто од бруто домашниот производ или од 800 милиони до 1,6 милијарди евра поради Брегзит, соопшти грчката Централна банка.

– Тоа ќе биде цената по 2019 година што ќе ја плати Грција пооради излегувањето на Велика Британија од Европска унија, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи Јоргос Катрунгалос, пренесува БТА.

Тој додаде дена се уште нема конечни оценки колку ќе  изгуби Грција од Брегзит, но очекува дека најголеми загуби ќе има во сферата на туризмот и во извозот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top