Избори се за Македонија е пораката која и вечерва беше испратена од Битола каде се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Македонските знамиња се вееја по битолските улици, а битолчани гласно порачаа дека не ја прифаќаат Тиранската платформа и бараат нови избори на кои истата ќе се стави пред граѓаните како програма за тие да се изјаснат дали ја прифаќаат или не.
Постизборно подметнување, велат, нема да дозволат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.