| четврток, 6 декември 2018 |

Шок промена- неделава не очекуваат температури до 34 степени

сон

Облачното време со врнежи од дожд ќе се задржи до среда, а од четврток се очекува стабилизирање на времето со умерен јужен ветер и значителен пораст на температурите.

Температурата во среда ќе се движи од 16 до 24, во четврток од 20 до 27 степени, во петок од 24 до 30, во сабота од 25 до 34 степени и во недела од 22 до 30 степени.

Денеска во текот на ноќта на северозапад ќе има нови врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Времето утре ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе има и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а од четврток времето ќе биде стабилно со умерен јужен ветер и значителен пораст на температурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top