| четврток, 6 декември 2018 |

Дамовски: Македонија е излажана, изманипулирана и фрлена под нозе на туѓи интереси

дамо

Нема правна држава, скршен Устав, спонзорирано Собрание од странски шеќерни водички. Големите бирократи дома незнаени ги поддржуваат овие крпители на Уставот и законот. Единствено гледаме кој го почитува Уставот и законот, тоа е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и народот на Македонија, истакна пред законодавниот дом Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Против прекршителите на законот, Уставот, процедурите, алчните анархисти има начин да се бориме. Тоа ќе биде нашата правна борба во иднина. Секој до нив поединчено ќе одговара пред правото и законот. Ќе одговара пред сите вас, пред сите изманипулирани од Тиранската платформа која час поскоро беше покажана со знаменцата на дескот на вршителот на должноста на Собрание. Имаме покрај овие протести многу други начини како да дејствуваме, но нефункционална држава, нефункционални даноци, сметки, на нефункционална држава блокирани улици. Македонија е излажана, изманипулирана и фрлена под нозе на туѓи интереси. Само едно оружје имаме – народот, бројноста, сплотеноста, присутноста. Веруваме во ова што го правиме 71 ден. Ќе продолжиме на многу други начини, се оформува правниот тим кој ќе состави сериозна тужба против поединци, групации, партии, и генерално предавници на кои ништо не им значат црвено-жолтите бои на нашето сменето знаме, на нашата химна, нашиот грб, вели Дамовски.

Тој додаде дека главната цел, на како што рече оваа сапунска серија, е македонското име.

-Овој трик како Тиранската платформа сакаат да го извадат од ракав. Сериозен преседан им дадоа идеите дека нашето име треба да се реши на референдум. И затоа Македонци, граѓани, бараме избори, но пред се држава во која важат законите за да се врати редот и мирот во нашите срца, додава Дамовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top