Хрватските медиуми пренесуваат дека двајцата разбојници свратиле на бензинска во Славонски Брод, каде што не платиле сметка, а пота го нападнале работникот. По нападот со автомобил се забиле во кафуле, а полноќното беснеење го завршиле со рафали.
За среќа, никој не е повреден во походот, а осомничените 32-годишниот М.Ш. и 26-годишниот К.Ф. полицијата ги уапсила набрзо по пријавата. Прво биле повикани да се предадат, но се обиделе да избегаат од задниот влез на куќата во која се криеле, а во која и престојувале. Таму ги дочекале два тактички тима на полицијата и ги совладале со употреба на физичка сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.