| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички доби казна од 56.000 денари и два меча играње без публика на домашен терен

rabot.

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, екипата на Работнички, доби санкции од Македонската кошаркарска федерација (МКФ) поради прекинот предизвикан од страна на гледачите во „Градски парк“ на дуелот против Карпош Соколи.

Поради фрлање предмети кон судиите делегатот Пиперков ја прекина првата средба по три периода, а последниот период се доигра еден ден подоцна. Реакцијата на Докузовски по која доби техничка грешка, како и реакцијата на публиката ја испровоцира судијата Павлов, кој досуди дискутабилен прекршок на Мишановиќ врз Лабовиќ.

Инцидентите на Работнички му донеска казна од МКФ во висина од 56.000 денари, а, исто така, тимот нема да смее да има публика на наредните два домашни меча.

– Досудена Т.Г. на тренерот на КК Работнички Докузовски М. поради неспортска реакција и влегување во терен. Натпреварот е уредно пријавен и прилично добро обезбеден со обични, а подоцна на повик и специјални полициски сили. Организаторот на натпреварот пријавил 23 редари од сопствено обезбедување.

Иако на одржаниот состанок во средата пред натпреварот,претставниците на клубот организатор предложија промена на клупите на екипите од безбедносни причини, истото не се реализирало бидејки домашната екипа одбила да го стори тоа и ја задржала својата клупа. Во неколку наврати во текот на натпреварот неспортско и вулгарно скандирање од навивачката група на КК Работнички упатено кон судиите и гостите.

Во втората четвртина се случило првото фрлање на тврди предмети на теренот и кон клупата на гостите од трибината каде што била стационирана навивачката група на КК Работнички. Постапувајки според писмените инструкции од Комесарот за натпреварување и заклучоците од состанокот на 3.5.2017 година, офицјалните лица изрекле јавна единствена и последна опомена до гледачите на таа трибина(навивачка група) преку офицјалниот разглас и наложија подигнување на гледачите 2 реда погоре, што било и сторено, а во опомената било нагласено дека во наредниот таков или сличен случај трибината ке биде потполно испразнета. На крајот на третата четвртина после една судиска одлука дошло до остра реакција од клупата на КК Работнички, при што тренерот Докузовски М. добил Т.Г.

Ваквата реакција предизвикала и неспортски реакции во гледалиштето, навредливо довикување и фрлање на тврди предмети на теренот и кон клупата на гостите. Биле фрлени метални пари и запалки од трибината каде што биле навивачите на КК Работнички а и од трибината спротивно на клупите на екипите. Постапувајќи по заклучоците од состанокот одржан на 3.5.2017 г. како и членовите 43.63 и 54.8 од Пропизициите како и точка 3 од заклучоците на здружението на клубови, службените лица наложиле празнење на трибината под семафорот како услов за продолжување на натпреварот.

После истек на одредено време делегатот добил известување од Полицијата дека редарската служба не е во можност да ја испразни трибината и е составена од луѓе кои работат во општината.На делегатот му било побарано време за да стигне засилување од ЕБР. Кога пристигнале бараните сили делегатот бил известен дека дел од навивачите се седнати и легнати на трибината, меѓу нив имало и малолетни лица и не пружаат отпор. Бидејќи истекле 45 минути од прекинот, делегатот и судиите донеле одлука со претставниците на двата клуба да дадат дополнителни 15 минути да ја испразнат трибината и натпреварот да заврши. Кога биле известени дека неможе да се испразни трибината делегатот и судиите излегле на теренот и првиот судија објавил дека го прекинува натпреварот и дека истиот ке продолжи после 24 часа наредниоит ден во 19.00 часот со доигрување на 4-та четвртина при резултат 60-67.

Тренерот на гостинската екипа му пријавил на делегатот дека е плукнат неколку пати над клупите иако првиот ред бил празен, а судијата Павлов А. му покажал траги од плукање на грбот на дресот од трибината каде биле навивачите на КК Работнички. Следниот ден , 06.05.2017 год. натпреварот бил доигран и завршен со резултат 76-77 во празна сала и без никакви проблеми.На местото каде што е поставена камерата за снимање немало никој, и делегатот добил известување дека снимателот нема да дојде и веројатно нема да има снимка од 4-та четвртина. Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службените лица – стои во билтенот на МКФ.

Работнички во полуфиналната плејоф-серија против Карпош Соколи има негатива од 0-2. Третиот натпревар кој би можел да го даде првиот финалист се игра утревечер од 19.00 часот во салата „Градски парк“.

bilten

Работнички во полуфиналната плејоф-серија против Карпош Соколи има негатива од 0-2. Третиот натпревар кој би можел да го даде првиот финалист се игра утревечер од 19.00 часот во салата „Градски парк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top