| четврток, 6 декември 2018 |

Добриот сон го чува бракот

06.06.spienje1Луѓето на кои им недостасува сон најверојатно својот партнер ќе го доживеат „здраво за готово“, покажала студијата на Универзитетот Беркли. Во неа брачните парови од 18 до 56 години воделе дневник за навиките за спиење, но и за зачестените кавги со партенрот.

Научниците откриле дека најмалку се караат двојките кои најмногу спијат. Луѓето кои спијат осум или повеќе саати често изразуваат благодарност на својот партнер и често го фалат.

– Недостатокот од сон не прави себични, мрзеливи и нервозни, а партнерот е прв на кого можеме да се „истресеме“, затоа не е чудно дека оние парови кои не спиеле доволно повеќе да се расправаат- заклучува водителката на студијата Ами Гордон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top