Документарниот филм „Мојот превртен свет“ (My World Upside Down) на креативното дуо Петра Селишкар (режисерка) и Бранд Ферро (директор на фотографија), којшто е ко-продукција меѓу Македонија, Словенија и Хрватска, на годинашното 12. издание на ЈИЕфест (SEEfest) во Лос Анѓелес се закити со две награди: Специјална награда од жирито за најдобар документарен филм и награда за најдобра фотографија во документарен филм.
Инаку, SEEfest (Фестивал за филмови од Југоисточна Европа) е фестивал, основан во 2002 година во Лос Анѓелес, чиј што концепт е да ги промовира филмовите од Југоисточна Европа, особено филмови што ја раскажуваат пошироката приказна за неа. Фестивалот на овој начин се обидува да ѝ ги отвори вратите на американската публика кон овој регион, промовирајќи ја културната различност на Југоисточна Европа преку годишна презентација на филмови и организирајќи конференции и ретроспективи за студенти и филмски работници со цел да се создадат можности за културна размена меѓу Јужна Калифорнија и Југоисточна Европа.
Документарниот филм „Мојот превртен свет“ е приказна базирана на музика со песните на култниот словенечки актер, режисер, поет, писател и кловн Фране Милчински – Јежек. Во продукција на „Петра Пан Филм Продукција“, филмот е направен како македонско-словенечко-хрватска копродукција. Во музичкиот сегмент на филмот настапуваат и македонските музичари Тони Китановски со оркестарот „Черкези“, како и групата „Бернајс пропаганда“.
Македонската премиера на документарниот филм „Мојот превртен свет“ се одржа на отворањето на седмото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, на 20 август 2016 во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македокс“: Главна награда „Кромид“ за најдобар филм ја доби „Далечниот лаеж на кучињата“на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт
-
Панел-дискусија со Вито Флакер, Дамијан Ненадиќ и Ана Замецка на „МакеДокс“
-
Студентската програма на „МакеДокс 9“
-
Избрани четири нови идеи за снимање документарен филм во рамки на проектот „Докуникулци“