| четврток, 6 декември 2018 |

Сулејман Величествениот го освои плоштадот Таксим (фото)

Популарниот турски актер Халит Ергенч, познат по улогата на Сулејман во мегахитот „Величествениот“, веќе неколку дена ги предводи турските актерски ѕвезди на протестите во Гези парк во Истанбул. Рамо до рамо со него е и неговата сопруга, популарната Шехерезад, но и многу други познати актерски имиња, како Мехмед Гунсур, Озан Гивен, Серкан Алтунорак и други, кои ги напуштија снимањата за да се придружат на вчерашниот протест.

– Единствен начин да го решиме ова прашање е да се откажеме од односот „Го направив, тоа веќе е сторено“, и наместо, тоа да го слушнеме народот што сака и да се создаде демократска платформа низ која овие желби можат да се чујат. Ве молам, сопрете го ова насилство и почнете да слушате и да разбирате – порача Ергенч во неговото обраќање на социјалните мрежи.

suljo6 suljo5 suljo4 suljo3 suljo2 suljo1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top