Ивана е првата учесничка која докажа дека чудата навистина се случуваат, како во нејзиниот случај. Сепак, тоа што храброста не беше нејзината силна страна, а веруваше дека е многу среќна, Ивана ја прифати понудата на банкарот и ја продаде предвреме својата кутија за 98.800 денари.
Возбудливиот дел следеше откако ја продолжи играта, а на самиот крај ја отвори својата кутија во која се криеше милионот. За шокот да биде уште поголем, Ивана прифати да игра и со кутијата број 23 во која се криеше уште еден милион, односно дуплирање на сумата.
„Ако мислите дека сте среќни, одете до крај“, им порача несудената милионерка, која имаше среќа да ги извлече, но не и да ги има милионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.