За fakti.org, аналитичарот Слободан Јанковиќ пишува и говори за ситуацијата во Република Македонија, како Талат Џафери станува претседател на Собранието во Република Македонија која е неговата улога во сето тоа, но, исто така, која е улогата на меѓународниот фактор тука и која е нивната цел.
Талат Џафери да не влезеше во Собранието и да не го поставеше освен македонското и албанското знаме во кабинетот на претседател на Собрание сѐ уште ќе се зборуваше за нормално создавање на македонско – албанска владеачка коалиција во соседната земја.
Знамето на ЕУ, на која секако не и е тука место бидејќи Македонија не е дел од ЕУ, служи само да се намали влијанието и провокацијата која е создадена со поставувањето на албанското знаме. Џафери како член на една од албанските партии, која заедно со Еди Рама ја имаат составено платформата за преговори околу формирање на новата влада, со ова се најави и рушење на државата, слично како што Стјепан Месиќ, под притисок на Советот на Европска заедница, беше избран за претседател на СФРЈ кој и помогна во рушење на истата држава, напоменува Јанковиќ.
Сепак, Зоран Заев претседател на СДСМ, пред некој ден, за ТВ интервју, реагираше на текстови и емисии во Србија и рече неколку точни работи: Срби се братски народ со Македонците, и дека Косово и Метохија е срце на Србија.
Заев зборувајќи за Џафери во една прилика рече: „Тој е офицер на наша македонска војска пред конфликтот во 2001, после тоа станува и пратеник во парламентот. Тој беше добар офицер кој ги извршуваше своите функции“.
Јанковиќ прашува, каков е тој добар офицер кој се приклучил на сецеонисти и терористи? Организирал напади над македонска војска и полиција, потоа го спасуваат Американците и тој станува политичар ?
Секако дека бил проблематичен, но со усвојувањето на тиранската платформа, тој директно станува и спроведувач на федерализација на Македонија и отцепување на еден дел од земјата која треба да биде дел од Албанија, знамето кое го внесе во кабинетот.
Пропратно, Заев порано го негираше постоењето на тиранската платформа, а сега ја минимизира: „Тоа е документ која е заедничка изјава на 3 албански партии со кои преговараме да направиме влада“.
Кога говори за договарање со албанските партии во Собрание за осуда на наводен геноцид над Албанците во период од 1912-1956, тој се обидува сето тоа да го претстави како нешто без значајно, наведувајќи дека сеуште не е кажано кој ќе се осуди, па спомнува дека тој период била италијанската војска во Македонија. Но, јасно е дека Албанци не ги осудуваат Балистите, ниту Италијанците од 35-та дивизија кои се имаат борено на страна сојузникот на Солунски фронт во текот на Првата Светска Војна, а особено не Италијанци од Втората светска војна, рече Јанковиќ.
Македонија, Косово, јужно од Србија.. откако украинскиот фронт излезе од фокусот, балканската сцена повторно се активира, по повеќе виденото сценарио, Вашингтон и Берлин добиваат поени, по обичај на сметка на православниот народ.
Дали Зоран Заев ќе стане претседател на Влада на Република Македонија, наспроти протестите во бројните градови во таа земја, дали во такво хипотетичко сценарио навистина би се заложил да нивниот глас за прием на разбојничка држава во УНЕСКО ќе биде воздржан, спротивно од волјата на партнерот со кои е подготвен да разгледува промена на грб, химна, името нна својата држава и закон за службен јазик?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.