Сите оние кои сега плукаат и го закопуваат ВМРО и сметаат дека е готов, се лажат. Ни СЈО, ни сценаристи, ни било кој друг нема да гo уништат. СЈО ако имаше нешто сериозно против нив, одамна ќе го видевме. Сега во последните месец два од нивното работење ќе вадат празни со докази предмети и обвиненија против нив за да го задоволат сценаристот и да ги оправдаат парите кои ги трошат. И се разбира верувајќи дека ќе му помогнат на СДС. Тие се неискусни и незрели и сигурен сум дека се убедени дека СДС ќе владеат вечно, а дека ВМРО нема веќе никогаш да биде власт. Толку им е капацитетот. Не само што СДС нема да владеат вечно, туку нема да истераат ни пола мандат. Со сила убавина не бидува, пишува аналитичарот Александар Пандов на Фејсбук
Тој потсетува дека СДС не се замерија само со ВМРО, туку и со народот. Партијата смета дека со помош на сценаристот ги поразила и народот и ВМРО, но се лаже, пишува Пандов, и додава дека набрзо ќе се покаже споротивното.
„Колку силно и неправедно ќе удираат сега по ВМРО, толку и двојно ќе им се врати по враќањето на ВМРО на власт. ВМРО е победник на овие избори. ВМРО победи 10 пати по ред од 2005 до 2016. Да не го забораваме тоа. Живееме во време на демократија, па по 11 години власт, не е ни чудо ни трагедија да се отиде во опозиција. ВМРО во опозиција ќе оди како победник а не поразен на изборите и по 10 и пол години владеење и жестоки напади и клевети, грешки и пропусти, подметнувања и милион лаги. Со својата посветена работа и труд ова раководство на ВМРО и нејзиниот водач победи на изборите, но овој пат не го победи СДС, туку и многу посилен противник. Можеби и е добро за некои луѓе кои не се сеќаваат, да го почувствуваат малку СДС на власт. Не само за промена, туку и за споредба“, завршува Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денес се слави Денот на македонската револуционерна борба
-
Пандов: Катица крајно опуштено не потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци кој по правило се наоѓаат во раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
-
Пандов: Пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, бараат и тие да бидат парично „појачани“
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?