| четврток, 6 декември 2018 |

Блеснаа резервите на Реал М.: Родригез и Мората ја „потпија“ Гранада

Реал Мадрид лесно прокнижи нови три бода, „Кралевите“ за 45. минути ја „потопија“ Гранада со 0-4.

Зинедин Зидан одново ги одмараше ѕвездите, но и со втор тим, Реал лесно славеше против Гранада.

Хамес Родригез го отвори резултатот веќе во 3. минута, а истиот играч зголеми на 0-2 во 11. минута.

По половина час игра во листата на стрелците се запиша Мората, а напаѓачот во 35. минута погоди по втор пат за 0-4.

Во второто полувреме, Реал М. го спушти ритамот, го чуваше резултатот и направи уште еден чекор кон титулата.

Мадриѓаните сега имаат ист број на бодови како и Барселона, но и меч помалку.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top