| четврток, 6 декември 2018 |

Лејно: Го заслуживме пласманот во финалето

amandin lejno

Македонскиот ракометен првак Вардар му се одмазди на ЦСМ Букурешт за ланскиот пораз и се избори за историско финале во Лигата на шампионите, а Амандин Лејно, голманката на „црвено-црните“ изрази задоволство од триумфот.

– Се боревме добро, бевме силни во играта. Чувството да се победи е фантастично. Го заслуживме ова, сега имаме поголема самодоверба за понатаму. Го диктиравме темпото на игра за време на целиот меч, бевме супериорни. Во соблекувалната пред мечот секоја девојка мислеше за мечот. Размислувавме како тим. Мора да играме силно и заеднички ако го сакаме трофејот во Лигата на шампионите. Кога ќе го погледнеме мечот добиваме самодоверба, но мора да внимаваме утре затоа што не чека нова борба. Ќе видиме, нека победи подобриот утре. Спортот е тежок понекогаш. Среќна сум што сме во финале, ја сакам победата – изјави Лејно.

Во финалето Вардар ќе се соочи со Ѓер кој претходно го совлада Будуќност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top