Пратеничката на француската Социјалистичка партија Корин Ерел (50), која минатата година се приклучи на движењето „Еден марш” на централно ориентираниот претседателски кандидат Емануел Mакрон, почина за време на негов митинг откако одеднаш паднала во бесознание додека држела говор.
Преставници на Социјалистичката партија изјавија дека таа била последниот говорник на вчерашниот митинг во западна Франција.
Откако ѝ се слошило таа веднаш била префрлена во болница, каде што била прогласена за мртва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.