| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Боговиње почина откако беше застрелан

AZBI

Градоначалникот на општина Боговиње Хазби Идризи починал откако денеска бил застрелан од огнено оружје, известуваат од полицијата. Тој утрово околу 10 часот и 45 минути  бил донесен во тетовската болница, но им подлегнал на повредите, сооопштија од болницата.

Според првични информации, екипи на полицијата и јавниот обвинител се организираат за да се изврши увид на самото место.

Во моментов нема информации за напаѓачот и мотивите за стрелањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top