| четврток, 6 декември 2018 |

Пламна облакодер во Москва, над 30 повредени

Повеќе од 30 луѓе денеска се повредени во пожар во 40-катница во југозападна Москва, соопштуваат руските новински агенции цитирајќи извори од локалната брза помош. Единаесет луѓе се префрлени во болница. Изворите велат дека вкупно 31 луѓе, вклучително шест деца, бараат медицинска помош. Од нив единаесет се префрлени во болница, вклучително две деца. Инцидентот доаѓа откако на 22 март во голем пожар во станбена зграда во североисточна Москва загинаа две лица, а 19 беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top