Полицијата ја открила девојката што минатиот петок се јавила во редакцијата на „Дневник“ и лажно пријавила дека зад Министерството за економија има поставено бомба, по што вработените беа евакуирани, сѐ додека МВР нѐ утврди дека се работи за лажна информација.
„Дневник“ објави дека, според весникот, станува збор за 32-годишната скопјанка Ј.И., која се решила на таков чекор затоа што била изреволтирана од односот на вработените во Министерството за економија, каде што неколку дена по ред барала прием. Затоа што и во петокот не ѝ било дозволено да влезе во Министерството, решила да се јави во „Дневник“ и лажно да
пријави дека има бомба, а телефонирала од мобилниот телефон на својата мајка.
Полицијата против Ј.И. ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување, а казната за ова дело е од три месеци до три години затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.