| четврток, 6 декември 2018 |

Три намирници кои кралицата Елизабета одбива да ги јаде

Британската кралица Елизабета има многу дисциплинирана исхрана. Таа долги години јаде храна со низок процент на јаглехидрати.

Затоа на нејзината чинија никогаш нема да има ориз, тестенини и компир, признава нејзиниот поранешен шеф Дарен МекГрејди.

Дури и кога јаде сендвичи готвачите секогаш ја отстануваат корката од лебот.

Во кујната во Бакингемската палата е забрането користтење на лук.

Иако е здрав, остава неугоден мирис во устата и не е пожелен во кралското семејство.

Од друга страна, британската кралица е голем љубител на чоколади. Јаде чоколадни креми и торти. Ужива и во свежо овошје – манго, јагоди и праски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top