Две патнички возила се опожарени ноќеска во Скопје и во Битола, информира денеска Министерството за внатрешни работи во редовниот билтен. На ул. „Јуриј Гагарин“ во Скопје е опожарено возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопјанецот И.С. (43).
Автомобилот бил запален целосно од воланот до задниот дел. Увид ќе се изврши во тек на денов.
Во Битола, на ул. „Питу Гули“ е опожарено возило „БМВ“ сопственост на Б.Р., кој е починат. Пожарот го забележал граѓанин, кој додека седел дома најпрво слушнал пукање, а по кратко време и тап удар по што забележал дека возилото е во пламен и пријавил во Територијалната противпожарна единица.
Оштетени се хаубата, покривот, двете предни врати, сите стакла и целата внатрешност на возилото. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.