Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави во Фиренца дека излегувањето на Британија од ЕУ е тажен момент и дека Брегзит претставува „трагедија“, но дека ќе има „фер преговори“ со, како што рекче, „нашите британски пријатели“.
– Една работа, притоа, не смее да се заборави, а тоа е дека не е ЕУ таа која ја напушта Велика Британија, туку дека Британците се тие кои одлучија да се повлечат од Унијата, а тоа е очигледно мошне различно, истакна Јункер.
Изјавата на претседателот на Европската комисија доаѓа по грубиот напад на британскиот премиер Тереза Меј врз ЕУ, обвинувајќи некои европски функцонери дека „се мешаат во британските парламентарни избори“ од 8 јуни.
Атмосферата меѓу Лондон и Брисел се запали откако „Франкфуртер Алгемајне цајтунг“ објави детали од работната вечера во Даунинг стрит 10, одржана во минатиот вторник, меѓу Меј и Јункер, на која се разговарало за претстојните преговори за Брегзит.
Германскиот весник тогаш тврдеше дека Јункер рекол оти по вечерата е „десет пати повеќе песимист, отколку претходно“ (за преговорите).
Премиерот Меј прво рече дека станува збор за „бриселски озборувања“ но подоцна остро ги нападна ЕУ, „бриселските бирократи“ како и „континенталните“ весници дека намерно работеле против постигнување договор, за да се влијае директно врз исходот на изборите.
Меј или кој било од нејзината влада, досега, не укажа на каков било доказ за ваквите обвинувања, а Јункер преку шефот на својот кабинет само рече дека тој има високо мислење за Меј како „импресивна жена и преговарач“.
Дипломати во Брисел изјавија дека обвинувањата на Меј се „чиста фантазија“ и дека ЕУ нема да прифати Брегзит да се квалификува како „успех“, како што тоа го прават Британија и нејзниниот премиер.
На ова посебно инсистира Јункер за кога Брегзит не е ништо друго туку „трагедија“, која не може да се слави како успех.
Во текот на обраќањето во Фиренца, Јункер рече дека ќе зборува на француски јазик, поради француските избори, но и затоа што англискиот јазик го „губи значењето“ во ЕУ, сега кога Британија се повлекува од Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Северноирски политичар: Договорот за Брегзит може да го подели Обединетото Кралство
-
Туск: Да бидеме подготвени дека нема да има договор за Брегзит
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста