| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Македонската филхармонија и пијанистот Оли Мустонен

Македонската филхармонија вечерва, 5 мај, во Домот на АРМ ќе одржи концерт со финскиот пијанист Оли Мустонен. Концертот е насловен „ББ“, а диригент е маестро Даниел Рајскин од Русија.

Мустонен за македонската публика ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 3 од Бела Барток, последното дело на еден од најпознатите унгарски композитори.

На програмата се и познатата Увертира од операта „Вилијам Тел“ од Џоакино Росини, како и највлијателната симфонија на сите времиња, Петтата симфонија од музичкиот гениј Лудвиг ван Бетовен.

Следејќи ја традицијата на големите мајстори Рахмањинов и Енеску, освен како извонреден пијанист, Мустонен се смета и за врвен диригент и композитор, а за дел од неговите снимки е добитник на престижни награди.

Мустонен постојано настапува и со рецитални програми во сите светски музички метрополи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top