Претставниците на медиа-тимот на ЕХФ денеска го обелоденија изгледот на дрим-тимот на Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017. Македонскиот првак Вардар, кој е дел од фајналфор турнирот во Будимпешта, има само еден свој претставник во овој идеален тим, и тоа левото крило Камила Херем, која на крајот од сезонава ќе ги напушти „црвено-црните“ и ќе се врати во татковината.
Унгарскиот Ѓер доминира во овој идеален тим со три претставнички, голманот Гримзбо, средниот бек Грот и десниот бек Нора Мерк, а згора на тоа и тренерот Амброш Мартин е избран за најдобар стратег сезонава. Утрешниот ривал на „вардарки“, ЧСМ Букурешт, има една ракометарка во дрим-тимот, десниот бек Кармен Мартин, исто како и Будуќност во левиот бек Кристина Неагу.
Идеален состав на ЛШ ЗА сезоната 2016/2017:
Голман: Кари Гримзбо (Ѓер)
Лево крило: Камила Херем (Вардар)
Лев бек: Кристина Неагу (Будуќност)
Среден бек: Нике Грот (Ѓер)
Десен бек: Нора Мерк (Ѓер)
Десно крило: Кармен Мартин (ЧСМ Букурешт)
Пивот: Марит Фрафјорд (Ларвик)
Млад играч: Бланка Биро (ФТЦ Будимпешта)
Тренер: Амброш Мартин (Ѓер)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.