| четврток, 6 декември 2018 |

В недела ЈСП со изменет возен ред

jsp avtobusi avtobuska stanica vozen red

В недела, во периодот од 7 до 14 часот, поради одржување на Скопскиот маратон, ќе има изменет режим на автобуските линии на јавниот градски превоз.

ЈСП денеска информира дека промените се однесуваат на следното:

1. Линии со изменета траса:

– Линија бр. 3: Од Спортска сала МЗТ до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) – Кл.Центар – Комплекс Панорама. Во обратна насока: Комплекс Панорама – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин (Југодрво) – Тр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески – Сп.Сала МЗТ.

– Линија бр. 3Б: Од Кванташки Пазар до Југодрво по своја траса, продолжува по ул. Кирил и Методиј (Рамстор) – Кл.Центар Комплекс Панорама. Во обратна насока: Комплекс Панорама – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво) – Тр. Центар – ул.Владимир Комаров – ул.Васко Каранѓелески – бул.АСНОМ – Кванташки Пазар.

– Линија бр. 4 и 4А: од Хром и Тафталиџе до Соборен Храм по бул. Партизански Одреди, мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул. Антон Попов, ул.Димо Х.Димов, ул. Борис Трајковски и обратно.

– Линија бр. 5: Од Дексион – ул.Ѓ.Петров, бул. Партизански Одреди, бул. Г.Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала МЗТ, Бул.АСНОМ, Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди, ул. Ѓ. Петров и Дексион.

– Линија бр. 7 : од Карпош 3 до Соборен Храм по нормална траса, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска Бригада и продолжува по својата траса, а во обратна насока по бул.3-та Македонска Бригада, ул. Коста Новаковиќ, ул. Владимир Комаров, бул.Јане Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Гоце Делчев, бул. Партизански Одреди до Карпош 3.

– Линија бр. 8: Влае – бул.Партизански Одреди, мост Г.Делчев, бул.Гоце Делчев – Битпазар и продолжува по својата траса, а во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 9: Кл. Центар – ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво) и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока по редовната траса.

– Линија бр. 15 и 15А: од Карпош 4 до Соборен Храм по траса на линија 15, Мост Гоце Делчев, бул. Г.Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Васко Карангелевски, Сп.Сала МЗТ,бул. АСНОМ, Ново Лисиче, а обратно од Ново Лисиче до Комплекс Банки по својата траса, бул. Крсте Мисирков, бул.Гоце Делчев, бул.Партизански одреди до Карпош 4.

– Линија бр. 16: Железара – Б.Пазар– Југодрво и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста променета траса.

– Линија бр. 21: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 22: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 22А: Нема да сообраќа;

– Линија бр. 23: од Дом на Печат, ул. Јордан Мијалков , подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво), бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, – ул.Васко Каранѓелески – Сп.Сала МЗТ, Бул.АСНОМ и продолжува по својата траса, а во обратна насока до Југодрво оди по своја траса, бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дом на печат.

– Линија бр. 24: Почетна станица Карпош 3 (почетна 7 и 59), до Соборен храм по траса на линија бр. 7, потоа мост Гоце Делчев, бул. Гоце Делчев, бул. Крсте Мисирков, бул. Кочо Рацин и продолжуваш по своја траса. Во обратна насока по истата траса до Карпош 3. (почетна 7 и 59).

– Линија бр. 25 (Милениумски крст): Тр.центар, Југодрво, ул.Кирил и Методиј (Рамстор), бул. Мајка Тереза и продолжува по својата траса, а во обратната насока по ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво), до Транспортен центар.

– Линија бр. 27: од Дом на Печат, ул. Јордан Мијалков , подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво), бул. К.Ј.Питу, ул. Владимир Комаров, ул. Коста Новаковиќ, бул. 3 Македонска Бригада и продолжува по својата траса, а во обратна насока по бул.3-та Македонска Бригада, бул. Србија, бул.Јане Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор), Дом на печат.

– Линија бр. 28: Тр.центар, бул. К.Ј.Питу, бул. Крсте Мисирков, бул. Г.Делчев, бул.Партизански Одреди, бул. 8-ми Септември, ул. Козле и продолжуваш по своја траса, а во обратната насока по иста изменета траса.

– Линија бр. 50: Кл. Центар, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Кл.Центар.

– Линија бр. 57: Козле, ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул.Кочо Рацин (Југодрво), Битпазар и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока, од Битпазар продолжуваш по бул. Кочо Рацин, ул. Кирил и Методиј (Рамстор) и Козле.

– Линија бр. 59: Од Карпош 3 до Соборен Храм по своја траса, бул. Г.Делчев, Битпазар, Бутел – до К.Бара. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59А: К.Вода, бул. Кочо Рацин, Битпазар и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија бр. 59Б: – Од Ново Лисиче до Комплекс Банки по своја траса, бул. Крсте Мисирков и продолжуваш по својата траса, а во обратната насока од Битпазар, Судска палата, Комплекс банки, Тр.центар, ул.Владимир Комаров, ул.Васко Карангелески, бул.АСНОМ и Ново Лисиче

– Линија 31, 41, 51, 67 и 70: Тр.центар, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул.Антон Попов, ул.Димо Х.Димов, ул.Борис Трајковски и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

– Линија 58, 58а, 58б: Тр.центар, бул. Кочо Рацин, подвозник, ул.Антон Попов, ул.Димо Х.Димов и продолжуваш по својата траса. Во обратната насока по истата променета траса.

Туристичката линија „Sity tour“ која поаѓа од Порта Македонија нема да сообраќа.

Сите линии кои го користат Мост Гоце Делчев како дел од трасата на движење во периодот од 8:15 до 9:15 часот поради затворање на истиот, треба да ја користат алтернативната траса. Од правецот на Битпазар и транспортен Центар да продолжат по бул. Кочо Рацин (Југидрво), ул.Кирил и Методиј (Рамстор), ул. Васил Ѓоргов, ул. Козле, Бул. 8-ми Септември и бул. Партизански Одреди. Во обратна насока од бул. Парт.Одреди, бул. 8-ми Септември, ул. Козле, ул. Васил Ѓоргов, преку ул. Јордан Мијалков, подвозник, бул. Кочо Рацин и продолжуваат по своја траса. Возилата од овие линии не треба да бидат двокатни поради малата висина на подвозникот према Кисела Вода.

2. Линии со непроменета траса:

а) Градски линии: (2, 2А, 12, 19), (со исклучок во периодот од 8,15 до 9,15 часот), 20, 45 и 65В

б) Приградски линии: (11, 11а, 18, 56, 60) (со исклучок во периодот од 8,15 до 9,15 часот), 47, 47а, 52, 53, 55, 61, 63, 63а, 65, 66, 68, 69, 71 и 81.

Двете автобази во недела во периодот од 5 до 14 часот не треба да вклучуваат двокатни автобуси поради малата висина на подвозникот кон Кисела Вода на следниве линии: 3; 3Б; 4, 9; 25, 27, 41, 50; 57; 51; 67.

Од ЈСП информираат дека учесниците на Скопскиот маратон кои имаат и носат стартни броеви на маичките можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП СКОПЈЕ на денот на маратонот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top