| четврток, 6 декември 2018 |

Локален пороен дожд и грмежи – УХМР со вонредна прогноза за викендов

poroj

Променливо и нестабилно време со локален пороен дожд проследен со засилен ветер и грмежи најчесто во попладневните часови се очекува од недела. Веќе од утре ќе биде малку посвежо.

В недела ќе дува повремено силен западен ветер, особено во југозападните и во јужните делови од земјата, а на повеќе места, посебно во северните и источните делови, ќе биде нестабилно.

В понеделник и вторник ќе биде пооблачно и ветровито со северен ветер кога под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи во поголемиот дел од Македонија. Од среда се очекува да има и позначително, не и подолготрајно спуштање на утринските и на дневните температури, кое ќе се почувствува повеќе во северните делови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top