| четврток, 6 декември 2018 |

Народот со избор меѓу партиите и државата

Аме­ри­кан­ски­от прет­став­ник се вту­ри во зем­ја­ва со при­ка­жу­ва­ње ле­ги­ти­ми­тет на не­из­бра­ни­от и на­сил­но на­мет­нат со­бра­ни­ски пре­тсе­да­тел, европ­ски­от ам­ба­са­дор му дој­де на­по­мош за за­зе­ма­ње на кан­це­ла­ри­ја­та и за обе­ле­жу­ва­ње на ра­бот­на­та ма­са со ал­бан­ско зна­ме. Не­ма по­го­ле­ма сим­бо­ли­ка од тие два мо­мен­ти, кои ги при­ка­жу­ва­ат и тен­ден­ци­и­те на кре­а­то­ри­те на оваа по­ли­ти­ка за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та. Ма­ке­дон­ска­та цвр­сти­на за оп­сто­ју­ва­ње и иден­ти­тет оп­сто­и­ла и под ве­ков­ни су­ро­ви при­ти­со­ци, а оваа ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци не­ма да сто­јат мир­но на овој мо­де­рен ге­но­цид

Ма­ке­до­ни­ја се на­о­ѓа во во­нред­ни ус­ло­ви од кои са­мо гра­ѓа­ни­те мо­жат да ѝ по­мог­нат и да ја изв­ле­чат од по­но­рот во кој про­па­ѓа. Ни­ед­на пар­ти­ја ни­ту по­ли­тич­ка оп­ци­ја се­га не мо­же и не смее да би­дат над опас­но­ста за оп­ста­но­кот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Во Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе не вла­де­ат пра­во­то и прав­да­та, не вла­дее де­мо­крат­ски­от си­стем, не вла­дее гла­сот да­ден на из­бо­ри. Ви­сти­на­та што бо­ли е де­ка Ма­ке­до­ни­ја е за­зе­ме­на на­си­ла од сил­на гру­па­ци­ја, ко­ја си­стем­ски ја уни­шту­ва са­мо со ед­на цел – за­тво­ра­ње на ма­ке­дон­ско­то „пра­ша­ње“, бри­ше­ње на ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет и по­себ­ност, а пре­зе­ма­ње на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, неј­зи­но фе­де­ра­ли­зи­ра­ње и рас­че­ре­чу­ва­ње.

На­силс­тво­то и из­бо­рот на пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то, вто­ра­та функ­ци­ја во др­жа­ва­та, над­вор од си­те рам­ки, бе­ше сѐ са­мо не са­мо­стој­но по­ли­тич­ко ре­ше­ние и од­лу­ка на дел од пар­ла­мен­тар­ни­те по­ли­тич­ки пар­тии. Поз­дра­ви­те за овој чин од мај­сто­ри­те на куј­на­та, исти­те оние што сто­јат и зад пр­жин­ски­от про­цес, по­твр­ду­ва­ат де­ка тие нај­мал­ку се гри­жат за ле­гал­но­ста, од­нос­но за по­чи­ту­ва­ње на за­ко­ни­те и на нор­ми­те на др­жа­ва­та во ко­ја бе­ше из­вр­шен пре­вра­тот. Важ­но бе­ше да се за­тво­ри пра­ша­ње­то и да се тур­не зем­ја­та та­му ка­де што тие за­мис­ли­ле, без при­тоа да се има пред­вид не­сог­ла­су­ва­ње­то од на­ро­дот. А, за­мис­ла­та е јас­на – кре­и­ра­ње дво­на­ци­о­нал­на др­жа­ва во ко­ја иден­ти­те­тот на др­жа­ва­та и на на­ро­дот ве­ќе не­ма да би­де ма­ке­дон­ски. Се­то тоа се знае ка­де во­ди; за таа цел е пи­шу­ва­но и пре­ду­пре­ду­ва­но по­ве­ќе од ед­на го­ди­на.

Аме­ри­кан­ски­от прет­став­ник се вту­ри во зем­ја­ва со при­ка­жу­ва­ње ле­ги­ти­ми­тет на не­из­бра­ни­от и на­сил­но на­мет­нат со­бра­ни­ски пре­тсе­да­тел, европ­ски­от ам­ба­са­дор му дој­де на­по­мош за за­зе­ма­ње на кан­це­ла­ри­ја­та и за обе­ле­жу­ва­ње на ра­бот­на­та ма­са со ал­бан­ско зна­ме. Не­ма по­го­ле­ма сим­бо­ли­ка од овие два мо­мен­ти, кои ги при­ка­жу­ва­ат и тен­ден­ци­и­те и за­мис­ла­та на кре­а­то­ри­те на оваа по­ли­ти­ка за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та. За ид­ни­на­та на та­тко­ви­на­та на Ма­ке­дон­ци­те, но и за ма­ке­дон­ски­те иден­ти­тет­ски пра­ша­ња, од се­га, ба­рем што се од­не­су­ва до ЕУ и до САД, „ќе од­лу­чу­ва­ат“ по­дед­на­кво си­те, са­мо не Ма­ке­дон­ци­те. Та, Зо­ран За­ев ве­ќе по­ра­ча де­ка Ма­ке­дон­ци­те се и Ср­би и Бу­га­ри, са­мо не се Ма­ке­дон­ци. Тој ги ста­ви Ма­ке­дон­ци­те во агол, а над нив стои за­ка­на­та од фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та и по­дел­ба­та на др­жа­ва­та, ко­ја на­ско­ро ќе се ре­а­ли­зи­ра.

 

Др­жа­ва­та над пар­ти­и­те

Ни­ед­на пар­ти­ја или по­ли­тич­ка оп­ци­ја са­ма по се­бе не мо­же да до­не­се ре­ше­ние и да пре­се­че во во­нред­ни ус­ло­ви во ка­кви што е Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Уште по­точ­но, др­жа­ва­та се на­о­ѓа под тол­ка­ва над­во­реш­на пре­си­ја и вна­треш­на спе­ци­јал­на во­е­на со­стој­ба, од ко­ја те­шко де­ка ќе се изв­ле­чат не­чеп­на­ти, и ин­сти­ту­ци­и­те, и пар­ти­и­те, и, пак, гра­ѓа­ни­те.

Ма­ке­до­ни­ја, всуш­ност, дла­бо­ко е за­га­зе­на во во­нред­на со­стој­ба. Се­ка­ко, во­нред­на и во­е­на со­стој­ба не е прог­ла­се­на и не­ма да би­де прог­ла­се­на ток­му под тој при­ти­сок од над­вор. Исто ка­ко и при во­е­ни­от су­дир во 2001 го­ди­на, ко­га и при си­те во­е­ни и по­ли­ци­ски опе­ра­ции од др­жа­ва­та про­тив нав­ле­зе­ни­те ко­сов­ски и до­маш­ни те­ро­ри­стич­ки си­ли, од те­ри­то­ри­ја кон­тро­ли­ра­на од САД и ЕУ, и ден-де­не­ска се име­ну­ва ка­ко „конф­ликт“. Ток­му во тој „конф­ликт“, од­нос­но вој­на, беа вме­ша­ни исти­те оние спон­зо­ри кои се­га ќе го над­гра­ду­ва­ат до­го­во­рот од Охрид, со пр­вич­ни­те ба­ра­ња на те­ро­ри­сти­те кои со експ­ло­зи­ви раз­не­су­ваа ци­ви­ли вр­за­ни за бе­тон­ски столб са­мо за­тоа што беа Ма­ке­дон­ци. Ток­му од нив­ни­те ре­до­ви, а зго­ра на сѐ и де­зер­тер од ма­ке­дон­ска­та ар­ми­ја, спон­зо­ри­те из­браа да би­де на­сил­но по­ста­вен за пре­тсе­да­тел на за­ко­но­дав­ни­от дом!

Ток­му за­тоа, за се­то тоа што се слу­чу­ва, по­ли­тич­ки­те пар­тии ве­ќе не­ма­ат ле­ги­ти­ми­тет од гла­са­чи­те. За та­кви­те сце­на­ри­ја што ги спро­ве­ду­ва­ат, а се на­мет­на­ти и ди­ри­ги­ра­ни од над­вор, ле­ги­ти­ми­тет не­ма­ат ни­ту со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, ни­ту нив­ни­те са­те­ли­ти, ни­ту нив­ни­те парт­не­ри од та­ка­на­ре­че­ни­от гра­ѓан­ски се­ктор. Единс­твен бо­рец и ре­пре­зент на ма­ке­дон­ски­те ин­те­ре­си, пак, не мо­же, а и не­ма си­ла, да би­де са­мо ВМРО-ДПМНЕ и неј­зи­ни­те ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри; би­деј­ќи овие пра­ша­ња ги над­ми­ну­ва­ат пар­ти­ски­те рам­ки. Всуш­ност, и ил­јад­ни­ци од оние кои со де­но­ви мар­ши­ра­ат за та­тко­ви­на­та, а не за по­ли­тич­ка оп­ци­ја.

Од дру­га стра­на, и ВМРО-ДПМНЕ е под по­сто­јан удар и пре­си­ја од не­ле­ги­тим­ни­те ин­сти­ту­ции. Всуш­ност, за оваа со­стој­ба се свес­ни и кре­а­то­ри­те и нив­ни­те из­вр­ши­те­ли. Не сме­ат да се за­бо­ра­ват тај­ни­те по­ра­ки кои беа и ини­ци­јал­на­та ка­пис­ла на по­че­то­кот на дол­го­го­диш­на­та спе­ци­јал­на вој­на; де­ка „при­ја­те­ли од над­вор“ из­би­ра­ле по­ли­ти­ча­ри од Ма­ке­до­ни­ја, Ко­со­во и од Ал­ба­ни­ја за „го­ле­ми пла­но­ви“, ка­ко што пи­шу­ва Зо­ран За­ев до Мен­дух Та­чи, ка­ко и по­ра­ки­те на „Скајп“ ме­ѓу Зо­ран Ве­ру­шев­ски и Ѓор­ѓи Ла­за­рев­ски при прис­лу­шу­ва­ња­та во кои тие нај­а­ву­ва­ат „гра­ѓан­ска вој­на“.

Поз­дра­ви­те на пре­вра­тот во пар­ла­мен­тот од САД и од ЕУ не зву­чат по­и­на­ку од сиг­нал за ос­тва­ру­ва­ње на тие пла­но­ви.

akt244-narod-2

Па­ра­лел­на др­жа­ва

И САД и ЕУ се­га се тру­дат да при­ка­жат при­вид на нор­мал­ност. Тоа е на­чи­нот на кој тие ги во­дат мо­дер­ни­те вој­ни и пре­вра­ти. Во­ве­дот во оваа со­стој­ба на пре­си­ја, под ко­ја е Ма­ке­до­ни­ја, на­ско­ро ќе го до­жи­вее вр­вот.

По­че­то­кот на овој при­вид ле­жи во вос­по­ста­ву­ва­ње­то „нор­ма­лен“ или при­вид­но при­фат­лив па­ра­ле­ли­зам на два­та од три­те стол­ба на де­мо­кра­ти­ја­та – суд­ска­та и из­врш­на­та власт – ка­ко пос­ле­ди­ца на пр­жин­ски­от про­цес. При­фа­ќа­ње­то на па­ра­лел­но­то „спе­ци­јал­но“ об­ви­ни­телс­тво, со ме­ѓу­пар­ти­ска сог­лас­ност, или што и да ле­жи зад таа фор­му­ла­ци­ја, ка­ко и па­ра­лел­ни­от си­стем во та­ка­на­ре­че­на­та „вла­да за спро­ве­ду­ва­ње на из­бо­ри­те“, во ко­ја до­ми­ни­ра­ше ду­а­лиз­мот, без ни­ка­кво ви­стин­ско устав­но тол­ку­ва­ње, со искри­ву­ва­ње на нор­ми­те до сте­пен на пу­ка­ње – за што све­до­чеа и ни­за­та скан­да­ли во Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти – беа пре­дус­лов за на­мет­ну­ва­ње на та­ква­та при­вид­на нор­мал­ност и при­фат­ли­вост за глав­на­та за­пр­шка од стран­ски­те куј­ни – на­мет­ну­ва­ње па­ра­лел­но Со­бра­ние или на­про­сто не­го­во на­сил­но за­зе­ма­ње. Из­вр­ше­ни­от пре­врат во Со­бра­ни­е­то, над­вор од си­те за­кон­ски нор­ми, е са­мо про­дол­же­ние на во­ну­став­ни­от за­фат, пре­вра­тот под­мет­нат и до­го­во­рен со пр­жин­ски­от про­цес.
Сѐ што ќе се слу­чу­ва во след­ни­те де­но­ви ќе би­де са­мо обид за вос­по­ста­ву­ва­ње при­вид­на нор­мал­ност во др­жа­ва­та. Таа „нор­мал­ност“ во­ед­но ќе тре­ба да ја пре­вр­ти сли­ка­та и да ги при­ка­же ка­ко нор­мал­ни но­се­ње­то на не­кои по­пу­ли­стич­ки за­ко­ни со кои ќе се са­ка да се за­тво­ри уста­та на оние што се­којд­нев­но ба­ра­ат спас во де­мо­крат­ски из­бо­ри, а, од дру­га стра­на, ќе се до­го­ва­ра­ат за­ко­ни во на­со­ка на фе­де­ра­ли­зи­ра­ње­то на др­жа­ва­та.

Ни­што од тоа што ќе се слу­чу­ва во пер­и­о­дот што сле­ду­ва не­ма да би­де слу­чај­ност; исто ка­ко што си­те за­фа­ти во овие три го­ди­ни спе­ци­јал­на вој­на беа исп­ла­ни­ра­ни до пос­лед­на цр­тка – не­приз­на­ва­ње­то на из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на, на­сил­ни­те про­те­сти на Со­ро­со­ви­те пла­те­ни­ци, пре­зе­ма­ње­то на пар­ти­ја­та на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те, фан­то­ми­зи­ра­ње­то на гла­са­чи­те, на­вре­ди­те кон ма­ке­дон­ски­от на­род, иден­ти­тет, исто­ри­ја, кул­ту­ра, игра­ње­то на ме­ѓу­ет­нич­ки­те чув­ства, из­бор­ни­от ин­же­не­ринг, ти­ран­ска­та пла­тфор­ма – сѐ што во­ди кон крај­на­та цел – ид­на фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та со име со не­из­вес­на суд­би­на.

Се­то тоа за што се­га све­до­чат ма­ке­дон­ска­та и ре­ги­о­нал­на­та јав­ност е са­мо влез во фа­зи­те од до­го­во­ре­на­та фе­де­ра­ли­за­ци­ја – од до­го­во­ре­но­то до­не­су­ва­ње на за­ко­нот за зго­ле­ме­на упо­тре­ба на ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко офи­ци­ја­лен ја­зик, пред сѐ во без­бед­нос­ни­от се­ктор и во ин­сти­ту­ци­и­те, до по­дел­ба на ко­ла­чот од функ­ци­и­те, ка­ко пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то, пре­ми­ер или пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та. Тоа што сле­ду­ва е над­гра­ду­ва­ње на оп­шти­ни­те во „по­на­пре­ден си­стем на са­мо­у­пра­ву­ва­ње“, од­нос­но во­ве­ду­ва­ње кан­то­на­лен си­стем, и нив­но ад­ми­ни­стра­тив­но по­вр­зу­ва­ње на фе­де­рал­ни­те еди­ни­ци. Во ме­ѓу­вре­ме, на па­ра­лел­ни­от си­стем на вла­да, до кој не­ми­нов­но ќе дој­де, ќе би­дат от­ста­пе­ни и без­бед­нос­ни­те ре­со­ри МВР, ДБК, БЈБ, ка­ко и фи­нан­си­ски­те стол­бо­ви УЈП, Ца­ри­на. Це­ли­от пер­и­од ќе би­де прос­ле­ден со про­па­ган­да што ќе тре­ба да ја над­гра­ду­ва „нор­мал­но­ста“ ко­ја би тре­ба­ло да обез­бе­ди мир при фор­ма­ли­зи­ра­ње на фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та и пре­и­ме­ну­ва­ње­то на др­жа­ва­та под пла­штот на не­ка­кви евро­ат­лант­ски на­пре­ду­ва­ња.

Ка­де ќе би­дат Ма­ке­дон­ци­те при ос­тва­ру­ва­ње на оваа аген­да? Ве­ро­јат­но, ка­ко и до­се­га, на ули­ци­те бо­реј­ќи се за за­чу­ву­ва­ње на др­жа­ва­та. Са­мо тоа мо­же да ги на­ру­ши овие сце­на­ри­ја, кол­ку и да се тие „со­вр­ше­ни и пре­циз­ни“. За­тоа и им беа про­во­ка­ци­и­те за на­силс­тво за нив­но оцр­ну­ва­ње. Ни­што не ги пла­ши сце­на­ри­сти­те тол­ку ка­ко цвр­сти­на­та на ’рбе­тот на Ма­ке­дон­ци­те што про­те­сти­ра­ат. Ма­ке­дон­ска­та цвр­сти­на за оп­сто­ју­ва­ње и иден­ти­тет оп­сто­и­ла и под ве­ков­ни су­ро­ви при­ти­со­ци, а оваа ге­не­ра­ци­ја Ма­ке­дон­ци не­ма да сто­јат мир­но на овој мо­де­рен ге­но­цид кој му се из­вр­шу­ва со оби­дот за не­го­во обез­ли­чу­ва­ње. Ма­ке­дон­ци­те зна­е­ле ка­ко да се спра­ват и со су­ро­во­ста и со при­ти­со­ци­те од ту­ѓин­ци­те, а зна­е­ле ка­ко да се но­сат и со нај­го­ле­ма­та бол­ка, на­не­се­на од до­маш­ни­те со­ра­бот­ни­ци. За таа бол­ка све­до­чи и исто­ри­ја­та, ма­ке­дон­ска­та, бал­кан­ска­та, свет­ска­та. Овие де­но­ви, пак, се ис­пи­шу­ва исто­ри­ја­та на уште еден ма­ке­дон­ски не­по­кор.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 244. број на неделникот „Република“, 5.5.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top