Германскиот весник „Билд“ утринава излезе со сензационална вест дека најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез, би можел да ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. Агентот на Чилеанецот ги почнал преговорите со раководството на баварскиот тим, а во следните денови се очекуваат и многу повеќе детали. Анчелоти бара фудбалер што ќе го пополни местото на Франк Рибери, кој е во 35. година и е на залезот на кариерата, а Санчез е идеалното решение за италијанскиот стратег.
Сепак, во преговорите има еден проблем, а тоа е цената за двократниот освојувач на Копа Америка. Баерн Минхен не дава повеќе од 30 милиони евра, причина за тоа е фактот дека Санчез влегува во последната година од договорот со „топчиите“. Платата не е проблем за германскиот шампион, но имаат строги критериуми кога се во прашање трансфери, па стојат на тоа дека не треба да дадат повеќе од првичната понуда.
ПСЖ, Челси и Сити се подготвени да платат многу повеќе, понудите стигнаа дури и до 50 милиони евра, но на крајот се прашува Санчез, кој истакна дека сака да остане во Лондон и да игра во Премиер–лигата и по завршувањето на договорот со Арсенал. Но, Баерн Минхен е можен кога се трансферите во прашање…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“