| четврток, 6 декември 2018 |

Во градот на љубовта Каролина кажа „да“

Тој праша, таа одговори „да“. Каролина Гочева се мажи, а Михаил Корубин е единствениот што успеа да ја освои и да ја задржи наубавата македонска печајка.

Каролина и Михаил се на патување во Париз, а уметникот го избрал токму градот на љубовта и уметноста за да го зароби срцето на пејачката. Очигледно бил во право.

37-годишната Каролина и 31-годишнот Михаил се во врска околу две години, а врската долго ја криеја од јавноста.

Првата заедничка фотграфија на Каролина и Михаил

Првата заедничка фоторафија на Каролина и Михаил

Иако ваквите вести не остануваат долго тајност, и во чаршијата се шушкаше дека младиот уметник е во врска со Каролина, тие ја држеа љубовта подалеку од очите на јавноста, но ги потхрануваа љубопитните со фотографии од исти дестинации, но на кои го нема „другиот“. Сепак, првата фотографија од себе и љубовта, фотографијата од среќниот момент Каролина ја сподели со следбениците на Инстаграм.

karolina-mihail

Им честитаме и им посакуваме долга љубов.

karolina santorini

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top