Сцени од телевизискиот серијал „Сенките над Балканот“ по концепт и во режија на Драган Бјелогриќ, почнувајќи од 7 мај ќе се снимаат на локации во Преспа и околината на Битола.
Станува збор за меѓународна копродукција меѓу Кобра филм Србија, Скопје филм студио Македонија и Искра-Москва Русија. Претходно имаше снимање на повеќе локации низ Србија, еден дел во студиото „Баранда“, а екипата ќе работи и во Црна Гора и Русија, соопштија од Скопје филм студио.
Епизодите базираат на сценарија напишани од повеќе автори: Драган Бјелогрлиќ, Даница Пајовиќ, Дејан Стојиљковиќ, Владимир Кецмановиќ, а со главниот режисер на серијалот, на дел од епизодите ќе работат и Коста Ѓорѓевиќ, Данило Бечковиќ, Срѓан Спасиќ, Мирослав Лекиќ и Игор Иванов.
Улогите во „Сенките над Балканот“ ги толкуваат Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Горан Кичиќ, Ненад Јездиќ, Бранимир Брстина, Слободан Бода Нинковиќ, а од Македонија играат актери: Тони Михајловски, Перо Арсовски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.
Како копродуценти на серијалот со свое учество се вклучија и Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Република Српска и Македонската радиотелевизија. Серијалот е финансиски поддржан и од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура