Германско-српската двојка Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ од неодамна се пресели во Чикаго, каде фудбалерот потпиша за својот нов клуб Чикаго. Тој веднаш постигна неколку голови, а судејќи по заедничките фотографии на двојката, животот во САД одлично им лежи.
Тие таму се одлчиле за почеток да отседнат во пентхаус од 230 квадрати, кој се наоа на 58. кат во хотелот Валдорф Асторија, кој има две тераси со поглед на езерото Мичиген.
Германските медиуми јавија дека цената за да се изнајми овој апартман е околу 30 000 долари месечно. Станот е супер-луксузен со три камини, трпезарија и уреден по најмодерни стандарди.
Тоа инаку е четвртиот најскап стан во Чикаго. На истиот кат има уште еден пентхаус и тие се нудат заедно за 11,6 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.