Познатата поранешна српска тенисерка и сопруга на фудбалерот Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ пред само десет дена стана мајка на Лука.
Убавата Ана не уживала во секој момент од бременоста и не сакала да споделува многу детали со нејзините обожаватели. Во медиумите излегоа гласини дека таа ја криела својата бременост поради договорните обврски, но кога го донела малиот Лука на свет, таа продолжила со споделувањето на своите интересни детали од животот.
На најновите фотографии таа вежба јога, а нејзините следбеници на Инстаграм се запрашале како е можно толку кратко по породувањето, поранешната тенисерка да изгледа како никогаш да не била трудна.
“Полека се враќам во форма”, напишала Ана и добила лавина пофалби, коментари во вид на поддршка како и честитки за нејзината принова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


