Се уште не е официјално, но шпанските медиуми се сигурни дека Барселона веќе пронашла замена за Луис Енрике, кој заминува на крајот на сезоната.
Како што денеска објавија бројни шпански и европски медиуми, прв кандидат за клупата на каталонскиот гигант е легендарниот Лоран Блан, екс тренерот на ПСЖ и на француската репрезентација.
Францускиот стратег наводно веќе ја одржал првата рунда преговори со раководството на Барса, па наскоро би требало да се официјализира соработката.
Медиумите пренесуваат дека двете страни веќе договориле тригодишна соработка.
Блан ја познава средината и филозофијата на клубот, бидејќи како фудбалер го носеше дресот на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени