„Дуо Скупи“ кое е составено од флејтистката Јета Старова-Мехмети и виолинистот Ермаљ Мехмети, ќе изведат концерт насловен „Македонски звуци“, во Домот на културата во Кавадарци во четврток (4 мај 2017 година) со почеток 19:30 часот.
Пред Кавадарчани ќе се претстават со композиции од нивниот втор компакт-диск „Макс Саундс“ – со обработки на македонски песни и ора.
„Дуо Скупи“ се познати и етаблирани уметници во државата и пошироко, години наназад ја претставуваат Македонската уметност во највисоко ниво. Преработките на најпикантните песни и ора почнувајќи од ‘‘Со Маки сум се родил јас’’ па се до ‘‘Калајџиско оро‘‘ се аранжирани Ермаљ Мехмети, аранжматот е во модерен и интересен стил, допадлив за пошироката публика задржувајќи ја автентичноста на старите песни и ора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.