По повод „Месецот на Никола Мартиноски“, Националната галерија на Македонија ќе реализираа три исклучителни настани во име на културното наследство што го остави современикот на македонското сликарство и ликовната уметност…
Првиот настан е промоција на монографија на 5 мај (петок), во 11 часот во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица.
Ќе се реализира промоција на монографијата „Никола Мартиноски до 1945“. Издавач на монографското издание е Националната галерија на Македонија а автор на монографијата е Проф. д-р Кирил Пенушлиски.
За монографијата на промоцијата ќе говорат д-р Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија на Македонија, академскиот сликар Рубенс Корубин и академик Влада Урошевиќ.
Вториот настан е отворање на изложбата. Како продолжение на истражувачкиот труд , покрај промоција на монографијата ќе се реализира и изложба на слики и фоторепродукции на делата од Мартиноски кои датираат од самиот почеток на неговата ликовна кариера.
Изложбата носи наслов „Никола Мартиноски, почетоци 1919-1929“, ќе биде поставена и отворена во Мала станица на 11 мај (четврток), во 20 часот.
Трет настан е предавање на д-р Кирил Пенушлиски на 16 мај (вторник) во Мала станица, 11 ч асот. Проф. д-р Кирил Пенушлиски ќе одржи предавање на тема „Од Мартин во Мартиноски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.