| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Од сите соседи само Грција не се меша во внатрешните работи на Македонија

Грција е цврсто во корист на стабилноста во регионот, на унитарноста на таа земја, вели шефот на грчката дипломатија.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас синоќа упати предупредување против оние што размислуваат и сонуваат за дестабилизација на Балканот и за менување на границите, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

– Грција – и ова, исто така, се однесува на нашиот северен сосед – е цврсто во корист на стабилноста во регионот. Ние сме цврсто во корист на унитарноста на таа земја, ние сме единствените кои дури ни денес не се мешаат во нејзините внатрешни работи и ние ќе го браниме нејзиното постоење – изјави тој.

Според Коѕиас, „сега сме во ера каде има стабилност, која бара стабилност во меѓународните правила и во спроведувањето на меѓународните односи, но пред се, бара голема почит кон границите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top