| четврток, 6 декември 2018 |

Улиците во Велес се означуваат и нумерираат

Oпштина Велес почна со означувањето на имињата на улиците како и со нивно нумерирање со соодветни броеви. Градоначалникот Славчо Чадиев ја постави првата табла на улицата 8 Септември, како и таблата на плоштадот С’рмаале

ulici_oznacuvanje1

Оваа обврска произлегува од Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти.

Според овој закон: „поставувањето и одржувањето на таблата со име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект го врши општината“. Исто така, според законот: „трошоците за набавка и поставување на табличките со броеви се на товар на сопствениците, односно на корисниците на објектот“, но oпштина Велес овој пат донее одлука граѓаните да не бидат изложени на овој трошок, туку тоа да го покрие општината.

На овој начин се излегува во пресрет на сите граѓани на Велес. Единствена обврска која ја имаат граѓаните е само да ги постават табличките со броеви на соодветно место од своите објекти. Таблите за означување и нумерирање на улиците се изработени од фирмата „Раде Кончар“. Целокупниот проект чини околу 1.000.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top