Најпознатото фенг шуи правило вели дека првенствено е потребно да се ослободите од нередот за да во животот привлечете среќа и богатство.
Фрлете ги сите непотребни работи, сета облека која не ја носите, подмачкајте ги вратите кои шкрипат а во просторот внесете свеќи и ѕвона. Но, постојат уште неколку важни правила. За да ги повикате парите во својот живот, во вашиот дом треба да ставите вазна со богатство која ќе ја наполните со парички или било што друго, што претставува богатство.
Затворете ја и не ја отворајте освен кога сакате во неа да додадете пари. Уште една работа која треба да ја направите е да го преместите шпоретот доколку е поставен под прозор.
Во вашата кујна шпоретот не би смеел да биде под прозорот, бидејќи тоа носи проблеми со парите. Мијалникот може да биде на тоа место, бидејќи на тоа место, низ прозорот преминува позитивна енергија. Шпоретот и мијалникот треба да бидат оддалечени, а ако не се, меѓу нив ставете зелено растение.
Задолжително обрнете внимание и на просторот за благосостојба во домот, а тоа е делот во куќата каде воздухот постојано циркулира. Истиот треба да го опремите така што во него ќе внесете повеќе лелеави елементи, како долги завеси и перници кои ќе ги поредите така што ќе даваат впечаток дека се движат. Кој верува, нека се фрли на преуредување!
Впрочем, пролетта е време за чистење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.