Омилената куќна билка на многумина фикусот, според Фенг Шуи носи многу среќа, здравје и благосостојба во домот.
Сепак, важно е и каде ќе биде поставена оваа билка во домот. Според древната кинеска техника, треба да биде на југоисток од станот. Носи среќа, мир и хармонија во домот.
Се смета дека штити од немаштија и носи пари.
Држете го далеку од североисток, југозапад и централните делови на станот или куќата.
Собниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на Сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.Совети за одгледување собни растенија – Фикус
Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на Сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови.
За време на зимата сака постудено и влажно место, па во зимските месеци налевајте го еднаш неделно, а во лето два пати недело.
Додека е младо треба да му поставите некоја потпора бидејќи ќе се развие на криво.
Размножувањето може да го правите со резанки од стеблото (10-20 см), со тоа што може да ги поставите во вода на температура од околу 20 степени и откако ќе пуштат коренчиња, да ги пресадите во земја. Исто така може да искористите резанки од листовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.