Граѓани на Охрид попладнево излегоа на протест за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“, на кој беше упатен повик до претседателот Ѓорѓе Иванов и институциите во државата да истапат, како што беше речено, „против пучистите кои на криминален начин избраа претседател на Собранието“.
– Со тоа се поткопани темелите на Република Македонија, спротивно на законите во државата, Статутот и Деловникот на Собранието и на Уставот. Истовремено безусловно ослободување на сите Македонци кои влегоа во Законодавниот дом. Тие не извршија никакво кривично ниту прекршочно дело туку извршија дело против недело, рече во име на протестантите Ѓуро Јовчески.
Тој потсети дека 60-тина дена народот достинствено, на мирни протести без какви било провокации и навреди го искажува револтот против постизборната платформа за која оцени дека го разнебитува македонското ткиво.
Истовремено беше побарано прекин на сите протести низ градовите, а истите да се пренасочат пред Собранието и пред куќата на Зоран Заев, отфрлање на тиранската платформа, одржување вонредни парламентарни избори заедно со локални, како и вклучување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сите пратеници, функционери во протестите заедно со народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.