| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто Кинезите се витки: Што да јадете за појадок за да не таложите килограми?

Што треба да се јаде наутро за го зачувате своето здравје и да го спречите таложењето на вишокот килограми? Кинеските нутриционисти го разбија митот за тоа дека појадокот мора да биде обилен и дека мора да јадете рано наутро.

Тие се залагаат за нешто сосема спротивно!

Според нив, појадокот би требало да биде лесен и да се јаде подоцна. Преобилниот појадок би можел да доведе до натрупување на маснотии. Стручњаците исто така составиле список на намирници кои треба да се јадат наутро. На списокот се:

1) Јајца,
2) Зобена каша со овошје или со суво овошје,
3) Мусли со сок или млеко,
4) Јогурт со овошје,
5) Салата од зеленчук и зелени растенија,
6) Младо сирење со овошје,
7) Леб од житарки,
8) Овошна салата,
9) Нискокалорично сирење, и
10) Каша од хелјда со млеко.

Идеално време за појадок е околу 11 или 12 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top