| четврток, 6 декември 2018 |

Зинедин Зидан: Роналдо е ѕвер, најдобар кога е најпотребно

zinedin zidan

Реал Мадрид создаде огромна предност од 3-0 против градскиот ривал Атлетико Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите благодарејќи на најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо кој постигна хет – трик.
„Кралевите“ комплетно го надиграа тимот на Диего Симеоне, а тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е задоволен од претставата на своите избраници.

– Одигравме одличен меч. Во целост го надигравме противникот. Ги изолиравме Гризман и Гамеиро, на средината на теренот бевме апсолутно доминантни, а во нападот Роналдо беше блескаше. Тој е нашиот ѕвер, и гризе кога е најважно, на натпреварите во Европа. Малку е, ако кажам дека е едноставно најдобар. Но, и сите останати вечерва беа фантастични. Сепак, има и реванш. Ништо не е завршено, има уште 90 минути да се играат на „Висенте Калдреон“ и ќе одиме и таму да победиме и да го потврдиме пласманот во големото финале во Кардиф – изјави Зинедин Зидан по големиот триумф над Атлетико Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top