| четврток, 6 декември 2018 |

Никако не игнорирајте доколку ви крвават непцата

Доколку при миење на забите забележувате крвавење на непцата, немојте да го игнорирате овој симптом! Доколку непцата крвават на допир, значи дека во устата има рана која претставува ново жариште за навлегување на бактерии во организмот. Ако воспалението на непцата не се лекува, тоа напредува и уште подлабоко ги оштетува ткивата.
Како последица од токсините, кои се произведени од бактериите и од воспаленијата, коската започнува да се разградува. Така, доведува до разлабавување на забите кои, во крајната фаза, паѓаат иако се здрави.
Најважна е хигиената на забите
Заболувањата на непцата може да се спречат со правилна секојдневна нега на усната шуплина и со редовна посета на стоматологот. Најдобро се спречува, а во најмногу случаи и лечи, со секојдневното рутинско отстранување на забните наслаги. Тоа значи секојдневно миење на забите со мека четка за заби и чистење на интерденталните простори. Овие постапки спречуваат таложење на забни наслаги на површините на забите.
Течност за плакнење на устата
Со употреба на течност за плакнење на устата, постои можност да се намали бројот на размножени бактерии, да се спречи појавата на воспаленија, се неутрализира лошиот здив. Сепак, доколку имате забни наслаги, прво одете на заболекар, а потоа продолжете ја хигиената со течност за плакнење на устата. Ако ги одбегнувате купечките течности кои содржат многу хемикалии, можете течноста да ја направите дома. Погледнете како може да направите:
Домашен раствор за плакнење на устата со сода бикарбона.
Природен раствор за плакнење на устата со цимет, мед и лимони.
Мека четка за заби доколку имате парадентоза
cetka za zabi pasta
Колку што е помека, толку е подобра, велат експертите. Најголемиот дел од четките имаат голема глава, дебели и тврди влакна. Доколку имате парадентоза користете мека четка со мала глава.
Покрај тоа, искористете ја моќта на природата и пробајте ги овие домашни лекови кои ќе ви помогнат да го намалите крвавењето, воспалението на јазикот, габичните заболувања и афтите во усната шуплина.
А покрај тоа ви предлагаме да го пробате овој природен раствор за отстранување на забен камен кој се прави од лушпи од ореви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top