Во продавниците и аптеките може да се купат секакви препарати за избелување на заби кои често содржат штетни хемикалии. Затоа користењето на природни препарати би било далеку поефикасен метод, подостапен, но и поевтин.
На пример, маслото од кокос можете да го ставите во устата или да го нанесете на забите. Повторете ја постапката неколку пати неделно и ќе забележите позитивни резултати што се однесува на избелувањето на забите и отстранувањето на забниот камен.
Еве два рецепти како да направите здрав раствор за хигиена во устата.
Состојки:
неколку капки масло од нане
пеперминт
лимон
анис
Само ставете по неколку капки од овие масла во чаша со вода и исперете ја устата.
Втор рецепт:
пола шолја свеж рузмарин
1 шолја од свежо нане
2 шолја вода
Подготовка:
Ставете ја водата да зоврие, потоа додајте ги билките и варете уште неколку минути. Потоа оставете ја смесата да мирува неколку минути, процедете ја и оставете ја да се олади. Со проладената смеса исперете ја устата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.