Триесеттото издание на книжевната вечер на „Астални проекции“ ќе се одржи вечерва во кафулето „Менада“ со почеток во 20 часот.
На ова поетско читање публиката ќе има можност да ги чуе Михаил Ренџов, Лилјана Дирјан, Светлана Сеси Камџијаш, Иван Шопов, Тихомир Јанчовски, Биљана Стојановска, Владимир Мартиновски, Славица П. Диневска, Васко Марковски, Марија Грубор, Лазар Попов, Ненад Јолдески, Марија Шаклева и Викторија Ангеловска.
Учесниците ќе читаат поезија во три круга. Во првите два круга ќе читаат свои песни, а во третиот омилена песна од некој друг автор.
За музичкиот дел ќе се погрижи Борјан Стојков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.